Дисфагија претставува состојба на отежнато голтање или општо одсувство на голтањето кај новороденчињата. Може да се јави на различна возраст на децата. Најчесто дисфагијата се јавува како последица на аномалиите на говорниот апарат. Како на пример последица на врзаното јазиче, оневозможено е голтањето или како последица на расцепите на усна или непце при што поради отворените простори проаѓа воздух и е отежнато голтањето или храната наместо во хранопроводот се враќа преку носната празнина надвор.
Доколку дојде до аспирација или вдишување на дел од храната кај овие состојби често настануваат воспаленија на белите дробови. Овие состојби се тесно врзани и неопходна е брза и навремена интервенција. При самиот акт на голтањето се активираат 50 мускули и нерви.
Дисфагијата може да е последица од некое невролошко нарушување на мускулатурната функционалност. Постојат некои болести на устата или на желудникот кои исто така можат да предизвикаат потешкотии со голтањето. Ретко и поради одсуство на забите.
Со навремена и правилно третирана дисфагија би се избегнале многу компликации.