Рана стимулација на говорот

Развојот на говорот кај децата е сложен процес. Ние како родители сме инволвирани во овој процес и треба да имаме трпеливост,упорност и истрајност во овој период од растот и развојот на децата. Децата индивидуално растат и се развиваат секое на својствен начин, но постојат говорно-развојни норми по кои ние се ориентираме дали детето е во границите на развојните норми. Интензивниот развој на говорот кај децата трае од втората до петтата година. Доколку  кај децата изостанува или задоцнува развојот на говорот на возраст од две полни години треба родителите да се консултираат со стручно лице логопед. Доколку кај детето има ризик фактори за развој на говорот раната стимулација се почнува и порано со предходен мултидисциплинарен дијагностични предглед. Раната стимулација представува советување и насока за родителите како да го стимулираат говорот кај детето. При контакт со логопедот родителот добива конкретни насоки кои некогаш можат да бидат и во пишана форма за полесно да се следи редоследот на активностите. Развојот на говорот започнува по самото раѓање на бебето. Првенствено се развива слухот. Бебињата на почетокот  реагираат на звуците  преку емотивни изрази, се радуваат, се смеат, ги придвижуваат екстремитетите…  Пред вербалната комуникација се развива разбирање на слушнатиот сегмент и развој на моторичките вештини. Во раната стимулација важно е имитирањето на активностите на родителите. Движењата на устата на мајката бебето ја имитира. Гугањето како процес во развојот на говорот е имитација на слушнатите гласови соодветно со движењата на говорниот апарат.  Ономатопејата е  една од најинтересните активности во проговорувањето на децата. Имитирањето на звуците од природата, како кажува кравата(му-му)како кажува кучето(ав-ав), како кажува мачето(мјау),како кажува пилето…Учиме, играме и стимулираме со плишани меки играчки,меки сликовници до звучни тврди сликовници. Запознавањето со околината во која живее детето луѓето, животните,предметите,играчките треба да се покажат но и да се именуваат. На овој начин децата го разбират значењето преку поврзување на збор со покажан предмет. Огледалото е примамлива играчка преку која децата имаат можност да експериментираат со лицевите гримаси, и на тој начин ја зајакнуваат мускулатурата на говорниот апарат.Трпеливоста на родителите е важна бидејќ и потребно е неколку пати да се повторуваат стимулациите за квалитетно да се разбере. Индивидуалноста на децата се потврдува и во говорната стимулација. Не можете истите вежби да ги спроведете на секое дете. Затоа се прави план програм кој е стручно осмислен според можностите на декое дете. Повеќе  конкретни информации за говорните стимулации можете да добиете лично  преку бесплатни логопедски консултации.

Leave a Reply

Your email address will not be published.