Афазија е пореметување или изостанок на говорот како последица на оштетување на мозокот поради претрпен мозочен удар. Покрај потешкотиите со говорот во оваа состојба се јавуваат и дисграфија, дискалкулија…
Афазијата може да биде симптом и на одредени невролошки заболувања. Но сите се третираат на ист метод од страна на стручно лице логопед.
Најчести симптоми се
- Губиток на целосниот говор или делумно
- потешкотии во голтањето (дисфагија)
- неможност за пишување ( дисграфија)
- замена(супституција) на одредени гласови и слогови во зборовите
- заборавеност
- потешкотија во разбирањето на говорот кај соговорникот
- потешкотии во читањето (дислексија)