Апраксија

Апраксија е експресивно пореметување на говорот. Лицата кои ја имаат оваа состојба не можат да ја изговорат замислената мисла, или потешкотии во изговарање на гласовите и слоговите. Причината не е во слабост на мускулатурата на говорните органи , напротив  во декодирањето на мозочните наредби односно проблем со организацијата во планирањето на движењето на говорните органи (усни,јазик,вилици…).
Симптомите варираат индивидуално но најчести се:

  • во периодот на бебе има изостанок на гугањето
  • задоцнување на првите зборови
  • говори само неколку согласки и самогласки
  • можен проблем со дисфагија (отежнато голтање)
  • сите го разбираат говорот, но не се во можност да го искажат замислениот збор или реченица
  • тешко го разбираат непознатиот соговорник
  • други експресивни јазички потешкотии како што се погрешен ред на зборови во реченица или повторување на зборови или слогови
  • потешкотии во учењето и пишувањето.