Аутизам претставува развојно пореметување кое предизвикува значајни социјални, комуникативни и говорни потешкотии. Знаците на аутизам започнуваат во раното детство околу втората година кога се приметуваат и обично траат во текот на целиот живот. Симптомите се индивидуални од екстремно тешки до лесни.
Најчести симптоми се:
- Не покажуваат интерес за објектите што се во нивната околина
- немаат фокус
- кај некои своопшто нема интерес за други луѓе од нивното окружување
- сакаат да бидат сами
- апатични
- потешкотии во говорот или изостанат говор
- стереотипни повторувања на одредени движења како треперење со рацете, или со нозете
- потешкотии во секојдневните
- невообичаени реакции
- појава на регресија во стекнатите вештини