Дисфазија представува пореметување на говорот во кој говорот и разбирањето на говорот се под неговата ментална и календарска возраст на детето. Причините за оваа состојба се многубројни когнитивни, генетски, проблеми во текот на ембрионалниот развој, фебрилни конвулзии на новороденчето, токсични труенја, дефицит во аудитивната перцепсија итн…
Најчести симптоми кај Дисфазијата се:
Задоцнет развој на говорот , отежнато разбирање на соговорниците, речникот е оскуден со неправилен синтаксички и морфолошки развој, во подоцнежниот развој на говорот изостануваат голем број на гласови, има гласови со неправилен изговор, намалено внимание…