Претставува потешкотија во читањето. Обично симптомите се приметуваат во периодот кога детето ќе појде на училиште. Неможност да се фокусира на текстот, детето има чувство како да пливаат буквите и не е во можност да ги прочита. Често сличните букви се мешаат, неможност за дискриминација на буквите. Овие деца се претежно со сочуван интелект но спори се и често мрзеливи. Неможат да ја совладаат латерализацијата, дезориентирани се. Дислексијата се карактеризира и со потешкотии во пишувањето, овие деца имаат и неуреден ракопис. Во пишувањето изостануваат одредени букви или се заменуваат со сличните. Причината за настанувањето на дислексијата е во периодот на ембриогенезата, со префрлување на мозочните функци задолжени за овие способности. Но со навремено откривање и упорни вежби се олеснува оваа потешкотија. Познати се многу светски успешни личности,научници кои имале дислексија а сепак успеале.