Имитирање на гласовите на животните како основа во проговорувањето

Говорот е најсложен процес. Децата учат преку слушањето на гласовите од средината во која живеат. Првите гласови се вокалите А, Е, И, О, У.   Проговорувањето почнува уште со првиот плач на детето и се одвива во неколку фази.

  • Првата фаза е: фазата на гугањето кога детето ги искажува своите емоции.
  • Втората фаза е:  фаза на брбљање кога детето почнува да повторува гласови па и некои слогови.

По оваа фаза почнува проговорувањето со имитирање на слушнати слогови.

Зошто се важни гласовите од животните?

Домашните животни се интересни за децата, можат да ги видат и слушнат. Првенствено децата визуелно ги помнат животните преку слики кои ги гледаат на цртаните филмови, на сликовниците или во живо. Родителите ги претставуваат карактеристиките на домашните животни со што детето ќе може да ги покажува  посебно  на слика животните. Гласовите на животните ги имитираме како слогови комбинирани од согласка и самогласна а децата лесно можат да ги слушнат, запомнат и повторат. На пример- крава кажува МУУ, кучето кажува АВ АВ… На тој начин се повторуваат слогови се меморираат и преоѓаат во игра интересна за детето. Со ова добиваме игрива комуникација со покажување на домашното животно и повторување на слушнати гласови.

Разлика во 2Д слики и 3Д форми на животните.

Кога им покажуваме на децата сликовници со животни тие ги препознаваат и ги поврзуваат со својствените слогови кои ги кажуваат. Но кога ќе им покажеме на децата 3Д форма од животното тогаш детето добива реална слика за изгледот на животното. Се оформуваат реченици преку опис на животното.

Пример: Опис на телото на животното и карактеристичните особини на животното.

Во зависност од возраста описот е се поголем, па се опишува и што ни дава секое животно, за што се користи, каде живее…

Гледаме, играме и имитираме за да проговориме, затоа  домашните животни се вклучени во многу цртани филмови за децата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.