Правилниот развој на говорот кај децата е важен за понатамошните комуникациски вербални вештини на детето. Кога ќе се соочат родителите со некоја потешкотија кај нивното дете, доаѓаат во состојба со премногу прашања.
Каде да се обратат? Што е тоа логопед? Кој е најдобриот логопед? Што работат и како логопедите?
Оваа состојба може да биде оптеретувачка за родителите.
Затоа ние сакаме да ви помогнеме да ви ги разјасниме вашите недоумици.
За почеток треба да сте искрени со детето (во зависност од возраста) и пред да го однесете кај логопедот да му објасните дека ке одите кај една тетка логопед каде што има многу играчки и тамо ќе си играме заедно, ќе пееме песнички и едноставно ќе се забавуваме. Логопедскиот преглед обично трае околу еден час и пожелно е да присувствуваат двајцата родители затоа што се потребни повеќе информации поврзани со растот и развој на детето и фамилијарната анамнеза.
Факт е и докажано од искувството на стручњаците дека ДЕЦАТА го бираат логопедот.
КОИ СЕ КАРАКТЕРИСТИКИТЕ НА ДОБРИОТ ЛОГОПЕД?
Вистинскиот логопед има индивидуален стручен и максимално професионален пристап код децата. Секогаш со нсамевка на лицето и топла прегратка. Разговорот со логопедот треба да ви биде искрен и да имате слобода во однос на сите ваши интересирања за работата со вашето дете.
Логопедскиот професионалец мора да води индивидуални дневник за секое дете за тоа што се работи со детето и какви план програми има за наредните часови. Добрата страна на овој дневник е тоа што и вие ќе можете да добивате информации за напредокот на вашето дете во секое време а и доколку сакате да побарате друго мислење од друг логопед, податоците ке ги добиете и ќе знаете се што е сработено.
ПРОЦЕНИТЕ КАКОВ Е ОДНОСОТ ПОМЕЃУ ВАШЕТО ДЕТЕ И ЛОГОПЕДОТ
Овде ќе напоменам, повторно, дека вашето дете го бира логопедот. Децата не можете да ги излажете – тие или ве засакуваат или не. Детето нема да учи од некој што не го сака или не му се допаѓа. Претераната авторитативност кај логопедот предизвикува страв кај детето и одбојност кон учењето, а потоа нема никаков резултат. Детето треба да е опуштено и весело со логопедот. Со радост да оди на логопедските часови. Логопедските сеанси се баланс помеѓу учење и играње на тој начин да не се оптеретуваат децата. Балансот помеѓу авторитетот и родителската топлина е најголемата одлика на вистинскиот логопед. Барајте таков логопед!
КАКВА Е ВАШАТА СОРАБОТКА СО ЛОГОПЕДОТ?
Оспосубувањето на детето е заедничка задача помеѓу вас и логопедот. Тешко е и понекогаш невозможно да се постигнат резултати без соработка логопед-родител. Важно е да логопедот споделува информации со вас. Кога ќе го донесете детето на логопедски час, вистинскиот логопед нема да ви затвори врата и да остане сам со вашето дете! Дефинитивно НЕ, зато што во тој случај вашето дете е „бизнис дете“, не знаете што се работи со вашето дете а плаќате. Во логопедската ординација нема WiFi затоа што логопедот и родителот соработуваат заедно со детето и разговараат сите заедно.
Вистинскиот логопед ги држи логопедските часови со вас заедно и на тој начин ви помага побрзо и поефикасно да ги надминете потешкотиите кај вашето дете. Логопедските вежби ги гледате и логопедот ви ги покажува за да и дома ги вежбате истите. На овој начин вежбите ќе бидат во континуитет а и ефикасноста ќе биде поголема. Да бидеме искрени ќе заштедите и време и финансии.
Доколку вашиот логопед не ви овозможува соработка на сличен начин како горе наведениов, запрашајте се дали сте на вистинското место?
Се надевам дека овие совети ќе ви бидат од корист а Вашето дете ќе добие најдобар можен третман.
Ако ви се допадна овој текст и ако мислите дека на некого ќе може да помогне, ве молам да го споделите.