Мултипла склероза

Мултипла склероза претставува автоимуно заболување со карактеристичен процес на демиелинизација (истенчување на белите  обвивки на  на нервните клетки) Причините за ова заболување се нејасни и сеуште недокажани. Симптоматологијата и токот на болеста е индивидуален. Првичните симптоми се губиток на видот, губиток на движењето на еден од екстремитетите, заостанување на мислите(потешкотии во мислењето) задоцнување во експресијата на говорот. Во одредени моменти има и комплетна неможност на говор (афазија) или неможност на говор поради неможност на контролирање на мускулатурата на  говорниот апарат. Тремор на екстремитетите, депресивни состојби, спазми(грчеви) на муслулатурата, проблеми со контрола на уринирање, проблеми со рамнотежата. Намалена осетливост и меморија, намалени физички и когнитивни способности. Симптомите се јавуваат повремено и исчезнуваат. Постојат фази на напади кога се појавуваат наведените симптоми па фаза на смирување на симптомите но и фаза на влошување на симптомите кога болеста напредува. Навремента дијагностика е од големо значење. Во олеснувањето на состојбите на оваа болест вклучен е тим од лекари невролог,психолог,физијатар,логопед.