
Често ги слушаме родителите како наоѓаат разни изговори за да не одат на логопед. Најчести се – ќе прозбори само детето, да почекаме уште малку, немаме време за логопед, скапи се логопедските часови…
Ве повикуваме малку да подзастанете и да размислите. Дали ви е сеедно ако вашето дете не ги изговара правилно сите гласови и така да појде на училиште? Дали знаете какви последици може да предизвика оваа состојба врз понатамошниот развој на детето и врз неговиот успех во училиштето?
Во секој случај одлуката е ваша, но треба да знаете дека вежбите кои ги спроведува логопедот со помалите дечиња траат пократко и имаат поголема успешност.
За ова поопширно можете да прочитате во секција Советувалиште.
Имајќи ја во предвид денешната презафатеност на родителите ви овозможивме полесен, брз и едноставен пристап до логопед.
KAKO?

ОДБЕРЕТЕ ВРЕМЕ ЗА ТРЕТМАН КОГА НА ВАС ВИ ОДГОВАРА!
Интернетот ни овозможува да ви понудиме лесна опција за посета на логопед. Не морате да брзате да одите до одредени дестинации на третман каде што ви се наоѓа логопедот затоа што сега логопедот ви е практично достапен каде и да сте.
НИЕ ГО ЦЕНИМЕ ВАШЕТО ВРЕМЕ!
Не морате да губите повеќе време во превоз до логопедска ординација и назад. Говорната терапија се одржува во точно определено време, претходно закажано.Изберете термин кој најмногу одговара на вашето семејство.
ПОДОСТАПНИ ЦЕНИ
Квалитетна поддршка за говор и комуникација по пониска цена. Без потреба од дополнителни организациски трошоци за патување.

ЕФЕКТИВНА ТЕРАПИЈА

Секое дете е специфично за себе затоа неопходно е да се избере индивидуално прилагоден метод за третманот. Индивидуализиран пристап преку интерактивни онлајн алатки и методи.
Децата се нестрпливи и тешко е да им се задржи вниманието, па затоа логопедските третмани се организирани и осмислени преку игри и забава. Затоа децата со задоволство не посетуваат.

Закажувањето на третманите е лесно и се одвива преку 4 чекори!
- Пратите ни меил ( во кој ќе ги наведете основните податоци за вас и опишете ја потешкотијата која ја имате)
- Ќе ви одговориме на меилот со список на слободни термини.
- Одбирате термин кој ви одговара
- Добивате термин закажан кога на вас ви одговара.
Покрај закажувањата на логопедските третмани преку меил, во секој момент можете да не контактирате лично како и по пораки на Вибер или Whatsapp преку телефонскиот број:
Во текот на изминатите години имавме многу дечиња кои успешно ги совладаа разните потешкотии во говорот. Еве неколку коментари од нивните родители:

Бојана Прлинчевић
„Мајка сум на девојче од 7 год. Најголем проблем имаше керка ми со гласовите Ч,Џ и Ш. Кога почнавме со индивидуалните третмани кај логопед Јулијана, веднаш се забележа резултат. Пресреќна сум што успеав да дојдам до вистинскиот логопед за моето дете и можам да кажам дека е врвен професионалец во својата стручност. Мојата ќеркичка сега говори одлично без потешкотии, среќна е и исполнета со самодоверба.“

Јулијана Стефановска
“Моето дете имаше проблем со изговор на 8 букви и тоа на 6 годишна возраст. Како и секој родител, го носев на логопед цела 1 година меѓутоа без успех. Бев многу разочарана мислејќи дека особено буквите ч и ѕ никогаш нема да ги изговори. Се распрашував за многу искуства со логопеди.
За среќа по препорака на моја пријателка се одлучив за логопед Јулијана и не згрешив.
Особено прв впечаток ми остави покрај неверојатниот пристап кон мојот син и односот кон родителот.
Додека повекето логопеди практикуваат родителот да не биде присутен во просторијата каде логопедот работи со детето, лог. Јулијана става акцент на тоа дека успехот кај детето зависи од тимската работа на логопедот детето и родителот.Третманите се одвиваа 2 пати неделно и за неполни 3 месеци мојот син ги совлада сите 8 букви ,а особено ме одушеви фактот дека покрај совладувањето на другите букви изговорот на ч и ѕ му дојде природно без многу мака.
Бескрајно сме и благодарни на логопед Јулијана што успеавме да оствариме таков резултат, за кој верувам дека спречи многу образовни и емоционални проблеми во иднина.”

Ирена Костовска
Имаме поприлично доста искуство со логопеди. Некаде случајно прочитав дека кај логопед Јулијана присуствува и родител/ старател на часот. Тоа ме заинтригира да ја посетиме. За краток временски период, постигнавме голем успех. Не би ја сменила. Им ја препорачувам на сите дечиња со било какви потешкотии во говорот. Резултати видливи веднаш!!
Што е важно да знаете?

1.Сите потребни информации за начинот на плаќање на логопедските третмани ќе ви ги пратиме на вашата меил адреса а вие уплаќате на наша жиро-сметка.
2.По добиениот извештај за вашата уплата вие почнувате со третмани на вашиот закажан термин.
3.Во случај да сакате да откажете или презакажете ваш термин, ве молиме да не известите навремено. Во спротивно ке сметаме дека сте го искористиле вашиот термин.
Се што ве интересира во врска со советувањето и консултациите преку SKYPE можете слободно да не прашате или да ни пишете ОВДЕ.
Нашето долгогодишно искувство со логопедските консултации и советувања се докажа позитивно и е одлична помош за сите родители на кои им е потребна помош а не се во можност да посетат логопед.
Што ви е потребно за да обавиме консултации,советување или третман преку SKYPE?

- компјутер и стабилна интернет конекција
- микрофон и слушалки(звучници)
- Програм SKYPE (во случај да го немате инсталирано SKYPE,можете да го превземете ОВДЕ
Ограничувања на on-line логопедските третмани

За жал, не е возможно да се обави логопедски он-лине третмани на сите врсти потешкотии кои постојат. Затоа поставуваме листа на одредени потешкотии врз кои можеме да делуваме преку on-line третман.
*Состојби кои ги работиме преку on-line логопедски третмани се:
- артикулациони говорно-јазички пореметувања
- неправилен изговор на одредени гласови
- состојби на билингвизам
- консултации
- советувања за родители и деца