Љубопитноста на децата ги тера да истражуваат и учат. Уште од
најмала возраст запознавајќи се со околината во континуитет
напредуваат. Преку допирот ги спознаваат предметите. Можеби сте се
запрашале зошто малите дечиња ставаат се во уста, тоа е затоа што
сетилата за вкус се во устата. А спознавањето на предметите со кои
доаѓаат во допир, дечињата сакаат да ги допрат, мириснат и вкусат.
На возраст од околу 18 месеци започнува развојот на
графомоториката и трае се до училишното описменување.
Кога да им дадеме боички на децата?
Спонтаноста на растот и развојот на децата ни ги покажува
способностите на децата. Во средината во која растат децата треба
да има соодветни играчки според возраста. Од една годишна возраст
децата обично изразуваат желба да играат со моливи, пенкала,
боици… Во овој период само чкртаат со моливче, боички,
фломастери… Немаат прецизни држења со рачето. Држењето на
боичките е неправилно. Гледајќи не нас децата ги усвојуваат
движењата и кога ќе им покажеме како треба да се движењата тие ги
усвојуваат насоките.
Како влијаат сликовниците врз развојот на графомоториката?
Кога ќе му дадете некоја сликовница На дете од една годишна
возраст, тоа ги врти страниците без редослед и по неколку листови
прескокнува. Но, на две годишна возраст детето би требало веќе
страниците од сликовниците да ги разгледува редоследно лист по
лист.Вниманието е насочено кон разнобојните цртежи. Можност да се
разликуваат боите а воедно и да се научат.
На две годишна возраст држењето на моливчето и боичката е сеуште
неправилно, но веќе почнува да се развива насочено држење на
боичката, односно да се држи боичката со показалецот,палецот и
средниот прст. Во овој период пожелно е да користат подебели боички
со триаголна форма. Прво се обидува да имитира и прецртува
вертикални линии, па хоризонтални. Движењето на раката е
праволиниски. Прогресијата во графомоториката е со обидите да се
нацрта кругче. Со кружни движења на дланките и рацете децата ги
увежбуваат насочените движења.
Предлог идеја за чисти ѕидови.
Често родителите се жалат на испишани ѕидови од децата.
Идеално им е цртање по ѕидовите затоа што се исправени
децата.Затоа можете да залепите со селотејп хамери на ѕидовите,
така ќе ги заштитите ѕидовите а ќе им овозможите на децата да
уживаат во цртањето на ,,ѕид,, Потоа само ги менувате хамерите.
Разни игри и графомоторика
На развојот на графомоториката влијае и играњето на детето со разни
играчки, да ги допре, да ги земе, да ги подаде. Со коцките најубаво си
играат и напредуваат преку местење на коцките, редење, сортирање,
склопување-расклопување.Игра со карти меморија, редење на картите
и сложување. На тој начин се вежба координација на око рака. Игрите
со џамлии се од голема улога за развој на движењето на прстите од
рацете. Игрите со пластелин, глина, тесто и слично се важни за
развивање на фантазијата, креативноста на децата. Ги вежбаат сите
движења на дланките со што стануваат повешти децата и во
графомоториката. Сите овие движења на рацете и дланките имаат
удел и со самостојното хранење. Треба да се трудиме децата
самостојно да се хранат и да користат прибор за јадење (безбеден) .
Тоа е почеток на напредна графомоторика и се продолжува со
останатите геометриски тела со кои се формираат и исцртување на
трева, сонце, куќа, дрво…Преку цртежите на децата можеме да
видиме повеќе состојби на детето. Со растот се подобрува и
графомоториката. Се продолжува со развој на правописот на бројките
па на буквите и правилна насока на движење на моливчето.
Графомоториката во образовниот систем продолжува се додека има
желба детето за напредок до степен да стане уметник кој убаво ќе
црта или пишува.