Во својот ран развој детето создава слика за себе која представува предуслов за добар успех во училиштето, но исто така се иницира интеграцијата во друштвото и во фамилијата.
Сликата на детето за себе има големо влијание на неговото однесување во позрелата возраст. Самодовербата не е вродена вештина. Самодовербата се обликува во текот на растењето. Првиот чекор кон самодовербата се остварува во семејството и тоа преку љубовта на своите родители каде детето треба да се чувствува сакано и прифатено. Без разлика дали е семејството со два родители или еднородителско семејство љубовта е неограничена и секогаш може да се надомести. Дури и децата кои се со разделени родители не смеат да осетат воопшто помалку љубов ни внимание. Свесноста на родителите за нивната важност во созревањето и оформувањето на детето треба да е приоритет. Трезвеноста на родителите во одлучувањето на правилниот начин на раст и развој на детето е клуч за добро дете полно со самодоверба.
Проблемите со самодовербата обично се јавуваат кај децата на 10 годишна возраст. Доколку во овој период родитеите не реагираат детето може да порасне во личност со недостаток на самодоверба.
ШТО РОДИТЕЛИТЕ НЕ СМЕАТ ДА НАПРАВАТ
Првенствено не смеете да ги етикетирате децата. Често слушаме како некои родители ги нарекуваат сопствените деца како се ,, лоши, срамежливи, повлечени, немирни, нервозни или едноставно ги нарекуваат дека не се добри деца…Сосема погрешно! На овој начин напротив ги наметнувате овие чувства кај децата. Додека детето зборува мора родителот внимателно да го сослуша и на тој начин го вреднува.
ВИЕ СТЕ ПРИМЕР НА ВАШЕТО ДЕТЕ!
Често разговарајте со вашето дете, на тој начин детето учи правилно да говори. Бидете секогаш позитивен пример на вашето дете. Вашиот стил на говор, вашите манири, однесувања,постапки се е тоа пример за вашето дете кое ги учи од вас и ќе ги повторува. Од вас детето ја уши самодовербата. Објаснете му на детето дека не се сите луѓе совршени, свесноста за индивидуалност е чекор до поголема самодоверба.
Пофалбите се секогаш добредојдени Но без претерувања. Добро е и да го прашате вашето дете дали е задоволно со одредена постапка на тој начин самостојно ќе научи да се вреднува…. Секогаш пофалете го кога ќе заврши некоја задача добро. Стимулирањето е корисно.
Користете асертивна комуникација, отворен и искрен пристап со детето. Важна е и средината во која расте детето. Избегнувајте ги негативните луѓе, посочете им како изгледаат лошите луѓе или како Не треба да се однесува некој додека сте надвор. Учете ги со убави зборови и да користат убави зборови.
Сакајте го вашето дете, зборувајте многу со вашето дете, подарете му ваше време и внимание бидејки вашето дете е ваше огледало.