Советувалиште

Овој дел е наменет за Вас да ги разрешиме сите недоумици кои ги имате во однос на разните терминологии кои се користат и да одговориме на најчестите прашања кои се поставуваат. Ќе се трудиме и понатаму да одговориме и на конкретни Ваши прашања. Ве молиме доколку сакате пратете ни ги Вашите прашања на нашиот меил, едноставно со еден клик ОВДЕ како би Ви биле на Ваша услуга најбрзи а најстручни и професионални.

 

Еве неколку од најчесто поставуваните прашања:

1.Што е логопед и која е неговата работа?

Кликнете да го видите инфографикот како одговор на ова прашање.

  1. Кога детето треба да ги изговара правилно сите гласови?

Со навршени 4 години детето би требало да ги има совладано гласовите. Индивидуалноста на децата ја померуваат оваа граница и секако во зависност од самиот развој на детето логопедот одредува дали и кога е потребно да се почне со логопедски третмани.

  1. Што е дислалија?

Дислалија е стручен израз за состојбата кај децата кога не се во можност правилно да ги изговараат гласовите.

  1. Кога треба родителот да се обрати на логопед?

Веднаш штом родителот забележи некое одстапување на детето од нормалниот календарски развој треба да се јави на логопед. Доколку детето има потешкотија со усвојување на некои гласови исто така треба родителот да се јави на логопед.  Можете да го погледнете развојниот инфографик како би имале ориентациони информации.

  1. Колку трае еден логопедски час?

Еден логопедски час трае 45 минути. Логопедот одлучува дали и колку паузи ќе бидат вклучени во текот на часот во зависност од темпераментот  и соработката на детето.

  1. Колку време е потребно детето да посетува логопед за да ја надмине одредена потешкотија?

-Логопедот има посебен пристап кон секое дете бидејќи секое дете е различно. Зависи од степенот на интелигенција која ја има детето, зависи од соработката на детето со логопедот, од соработката на родителите со логопедот … во принцип не е возможно веднаш да се предвиди колку часови ќе бидат потребни.

  1. Дали е важно да се корегираат говорните потешкотии?

-Да. Важно е да се корегираат и надминат говорните потешкотии како би се превенирале(избегнале) нивните последици.

  1. Дали и возрасни можат да посетуваат логопедски третмани?

-Секако, никогаш не е доцна за логопедски третмани. Важно е да личноста има волја и желба да ги надмине потешкотиите, тогаш успехот е загарантиран.

  1. Како се развива говорот кај детето?

-Прво се развива слухот. Добро развиен слух е основа за развој на говорот. Се стимулира развојот на говорот преку константно слушање на говорот од средината во која живее детето. Се почнува со емитирање на гласовите,првенствено вокалите па останатите гласови. Детето гига, брбља,емитира па почнува да изговара едноставни зборови.