Децата по природа се радознали и сакаат да истражуваат. Разните играчки им дозволуваат да уживаат малите истражувачи. Малите рачиња ќе можат да расклопуваат-склопуваат и да се чувствуваат ГОЛЕМО
Им дозволуваме да ги развиваат моторичките и мемориските вештини, перцептивните можности, логичкото мислење, визуелната меморија, тактилната меморија, чувство за припадност-сопственост, координација, концентрација, внимание, координација око-рака, учење на бои, форми… се за малите истражувачи да уживаат квалитетно во слободното време.
Учиме преку игра
ИГРА-Што не припаѓа?
Цел на играта е подобрување на фокусот кај децата,подобрување на вниманието,концентрацијата,активирање и збогатување на речникот,развој на логичкото мислење.
Играта може да биде сликовита или усмена. Доколку ги диктираме поимите ја подобруваме аудитивната перцепција кај детето.
Игра 1: Се поставува цртеж со 3-4 различни слики ( крава,коњ,коза и лисица) Кој не припаѓа во оваа група? Лисицата затоа што е диво животно.
Игра 2: Усмено се набројуваат неколку зборови,детето треба да ги замисли и да одреди кок или што не припаѓа во кажаните зборови. Пр- паска,крушка,кревет и лубеница. Кој не припаѓа? Креветот бидејќи тоа е предмет а останатите се овошки.
ИГРА-СУПА ИЛИ КОМПОТ
Цел на играта е подобрување на аудитивната перцепција, збогатување на речникот и можност на распознавање на поимите овошје-зеленчук, развој на имагинација.
Игра: Напоменуваме на детето замислуваме дека правиме супа или компот. Супата се прави од зеленчук а компотот од овошје. Набројуваме неколку овошки и зеленчукови плодови и оставаме детето самостојно да ги подели што ќе стави во супата а што во компотот.
Пр- морков,слива,крушка,компир,лук,јаболко.
Супа-морков,компир,лук
Компот-слива,крушка,јаболко
ИГРА-ПОГОДИ ШТО Е
Цел на играта е развој на идеја,мисла,фантазија. Збогатување на речникот,мануелна праксија, ориентација во простор…
Пр. Игра: Ставаме разни облици и играчки во торба, на детето му ги преврзуваме очите за да не гледа и дозволуваме со раката да избере еден предмет од торбата. Предметот со двете раце го пипка, размислува од каков материјал е направен,каков облик има,на што личи,дали е голем или мал и на крај да може да погодува што е тоа што го извадило детето од торбата.
ИГРА-ПОДАВАЊЕ НА СПРОТИВНОСТИ
Цел на играта: развој на логично мислење, внимание,концентрација,збогатување на речникот и граматички вежби.
Игра: детето игра со родителот,се подаваат со топка, на секоја подадена топка се казува одреден збор и на тој збор треба да се надоврзе спротивниот збор.
Пр: Краток ден- долга ноќ
Полека седни-брзо стани
Бавен-брз
Топло – ладно
ИГРА-ПРЕДМЕТИ ОКОЛУ НАС
Цел на играта е да се иницира вниманието во одреден простор каде ви е потребно мирно дете. Можете секаде да ја играте оваа игра,пример во чекални додека чекате ред во банки, амбуланти,пошти,разни шалтери…. времето го искористувате паметно и мудро. СО оваа игра развивате кај детето на збогатување на речникот, развој на визуелна перцепција и внимание,меморија….
Пример: ги именувате сите предмети што се наоѓаат во просториата додека чекате, треба да ги опишете предметите но и да памтите да не се повторуваат веќе кажаните предмети.